Твитерџии иницирале отстранување на ликот на Доналд Трамп кој се појавува во култниот божиќен филм „Сам дома 2“.



„Ќе отвориме петиција во која бараме Трамп да биде отстранет од сцената во филмот „Сам дома 2“ и да биде заменет со 40-годишниот Меколи Калкин“, напиша една корисничка на Твитер.

Веднаш потоа се појави ретуширано видео од сцената.

Режисерот на филмот изјавил дека сцената со Трамп не била планирана, но тој ги присилил да му дадат улога.

„Тој рече дека смееме да го користиме неговиот хотел само ако и тој е дел од филмот.“