Го гаѓаше Буш со чевел, сега ќе биде пратеник (ВИДЕО)

Ирачкиот новинар кој пред десет години се најде на насловните страници низ светот откако со чевел го гаѓаше тогашниот американски претседател Џорџ В. Буш, се кандидира за пратеничк на претстојните избори во Ирак.



„Мојата амбиција е да ги фрлам сите политичари во затвор, да ги натерам да зажалат за она што го направиле и да се конфискува нивното богатство“, изјави 39-годишниот Мунтазер ал-Заиди за АФП во пресрет на изборите закажани за 12 мај.

Инцидентот со чевлите се случи во декември 2008 година, кога тогашниот претседател одржа проштална прес-конференција во Багдад.

Иако го промаши човекот кого го обвини за инвазијата врз Ирак, Заиди подоцна беше осуден за напад врз шеф на држава и одлежа 9 месеци зад решетки.

Протестот против Буш беше поздравен како херојство од многумина во арапскиот свет.

„Не жалам за тоа што го направив, напротив, само жалам што во тој момент немав друг пар чевли“, вели сега рече Заиди, кој е кандидат на алијансата на шиитскиот свештеник Моктада Садр и комунистите.

Како што пренесува „Гардијан“ Заиди и сега останува противник на американската инвазија во Ирак во 2003 година и бара повлекување на американските трупи кои наводно помагаат во борбата против Исламската држава.

„САД ја фаворизираа ИС, како можете да кажете дека сакаат да се ослободат од нив?“, вели Заиди.