Го фрлила новороденото бебе во контејнер – 16 години затвор

Жена од Ново Мексико, која минатата година го фрли своето новороденче во контејнер, вчера е осудена на 16 години затвор. Поротата го осуди Алексис Авила (19) за обид за убиство.



На 7 јануари 2022 година, минувачите го нашле бебето во контејнер во Хобс, град со околу 40.000 жители.

Бебето преживеало.

Авила, која тогаш имала 18 години, ѝ рекла на полицијата дека не знаела дека е бремена до ден пред да се породи. Знам дека тоа што го направив беше погрешно и единствената личност на која навистина треба да и се извинам е моето дете“, изјавила Авила вчера пред судот, а пренесува NBC News.