Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски повторно се враќа на таа функција.
Тој во 2017 година беше сменет и на чело на Синдикатот дојде актуелниот претседател Дарко Димовски.
„Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира“, рече Митревски на денешната прес конференција на која информираше дека Вишиот управен суд донел пресуда со која се уважи неговата тужба и се поништи решението на Комисијата за жалби на Република Македонија од септември 2017 година. .
Митревски очекува следната недела Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот.






