Исчезна анкета за дебатата на Телма

Анкетата на Твитер ја објави новинарот Боби Христов и ги повика „твитерџиите“ да го споделат својот став за кандидатот за кој сметаат дека оставил најдобар впечаток во дебатата. Но, набргу откога заврши гласањето, анкетата „исчезна“ од неговиот Твитер профил.
Професорката Гордана Силјановска го дава својот глас за противкандидатот Блерим Река за неговиот настап во првото соочување на претседателските кандидати во четвртокот на ТВ Телма.