Го чекаат Мухамед Зекири сам да се појави во Суд

Откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отворило истрага против високиот владин функционер, Мухамед Зекири и побара за него притвор, се чека тој сам да се јави во Судот.



Зекири не е спроведен во Кривичниот суд, каде што судија на претходна постапка ќе треба да одлучи за притворот, туку наводно му била доставена покана за смиот да се појави во суд, дознава „Фокус“.

Зекири не одговорил на телефонските повици и пораки на „Фокус“ во врска со случајот..

Според обвинителството, Зекири е осомничен дека заедно со двајца хрватски државјани незаконски склучиле договор за консултантски услуги.