Го бараат ли МВР и Спасовски агресивниот демонстрант што полицијата не го гиба? (ВИДЕО)

Го бара ли МВР демонстрантот кој вчера ја предводеше толпата а кога полицијата тргнува да ја разбие масата тој останува со полицајците кои воопшто не го третираат што покажува дека го познаваат или дека можеби им е колега на специјална задача да провоцира интервенција.



Доколку сака МВР и министерот Спасовски можат да го најдат веднаш на неколку начини.

Едниот е преку снимките кои ги прави МВР при сите јавни протести. Од Собранието нонинод други локации околу него од неколку луѓе постојано се снимаат сите демонстранти особено ако се однесуваат агресивно.

Вториот начин да се најде демонстрантот ,,пријател на полицијата” е да се искористат камерите од системот ,,Save city” или Безбеден град кои се активни инвонцднтарир на Скопје.

Доколку првите два начини се невозможни можен е и трет начин на идентификација кој се користел и порано. Тој е МВР да упати јавен повик, апел до сите кои го препознаваат лицето да го пријават.

Притоа лицето може да биде пријавено и анонимно но и преку објавување на неговиот идентитет на социјалните мрежи.

Обврска да го пријават лицето имаат и полицајците кои не го апсат, затоа што ако се утврди дека го знаат а не постапуваат кон него тие можат да се соочат со законот.

Дали МВР користи некоја од овие можности засега нема информација од полицијата.

Видеото од лицето кое не го гиба полицијата во овој текст

Објавена снимка која укажува дека е можно МВР или АНБ да ги испровоцирале вчерашните инциденти (ВИДЕО)