Ние, Македонците, уште прописно не сме ни почнале со нашата борба!
Ги поздравувам пратениците од опозицијата и останатите родољубиви и слободољубиви пратеници кои што одбија са присуствуваат на гласањето и со тоа го ускратија легитимитетот на оваа налудничава одлука.
Јас не го признавам овој акт на македонското Собрание, преговарачката рамка не ме обврзува ни мене, а ни Македонија и немам намера да почитувам ниту една друга одлука на наметнатата, предавничка и одродена власт.
Значи, нема никакви причини за малодушност … Започнува будењето на Македонија по сите стравотии кои што нè снајдоа во изминатите пет години.
Борбата започнува со чистење на нашата сопствена куќа, а потоа одиме и да си му раскажеме нашата приказна на светот.
Исто така, нè наседнувајте веќе на домашните и меѓународни спектакли. Џабе им е глумата кога веќе не смее да прошетаат низ едно сокаче во Македонија и кога повеќе никогаш не ќе може да си го видат лицето и образот во огледало.
Ќе ечи македонскиот јазик низ Европа, но прво ќе грми низ Македонија!
Фејсбук статус на екс вицепремиерот за ЕУ интеграции Ивица Боцевски





