Бизнисменот Венко Глигоров дава објаснување зошто влаата доживеа тешка загуба на гласови сугерирајќи веднаш да се дадат неколку оставки во владата.
“Народот постапи речиси безгрешно. На работ на цензус, дебело ги казни СДС и ДУИ заедно со 30 други партии, а не му дозволи на В/Д да поведе. Ги награди АА и Беса со надеж дека може да имаат поголем успех во иднина ако малку повеќе се свртат кон сите наместо кон само еден етнос.
Подобро од ова не можеше да се случи на Македонија.
Власта не ги изгуби гласовите заради Преспа, Бугарија или јазиците. Напротив. Да не беа тие нешта ќе имаа 50+ илјадарки помалку. Тие изгубија цирка 200К гласови заради очајни резултати во економијата, заради тоа што на дело покажуваат дека не се различни од практикување на Власт од претходниците и заради кокетирање со правдата. Правда како што замислил и спроведува Заев не е прифатлива за нормалниот човек што си ја сака земјата. Секако не може да прифати и правда како што замислува и опозицијата. Здравјето не може да биде ресор каде министерска позиција ќе биде наследна од татко и син поготово ако таткото не се покажал како добар министер.
Според вчерашните гласања и коментарите на луѓето и аналитичарите, кои се пораките што се праќаат?
❎ Економија во МК не се и не може да бидат (само) бизнисите на вицепремиерот. Економија и финансии не може да бидат експериментите на Министерот за финансии и неговиот комуњарски поглед на нештата – ќе те даночам повеќе како во развиени земји, а нема да ти дозволам да имаш услови како во развиени земји. Министерот за економија не ни знам кој е и дали воопшто има координација со другите министри за да може да се каже дека имаме економски тим. ❎ здравството не чини и нема изгледи да чини со овој министер. ❎ Не можам да проценам дали чини министерката за правда, веројатно е добра, но ја кочи партиската инфраструктура за спроведување на реформи каде и луѓе од власта треба да бидат санкционирани. Сетете се на смејуријата со случајот на шверцерот од Ново Село. ❎ Да не заборавиме дека луѓето не забораваат на слабото работење во екологијата каде заменик министерот покажа една незаинтересираност за сериозна работа и дозволи да “умираме” секојдневно. Мерките што ги предлага се пролив (простете на изразот). ❎ СДС имала многу посериозни луѓе на место генерални секретари. Имала грамада од луѓе во раководството, а сега има тапа луѓе почнувајќи од генералниот секретар. Не го бива човекот за така важна улога. ❎ За челниот од МВР во друга прилика.
Горе долу, се исцртаа приоритетните оставки кои самостојно и неотповикливо треба да ги поднесат функционерите од владината коалиција – делот од ДУИ ионака не го владеат како тим и затоа казната стига од не толку подобрите АА/Беса.
Самостојни и неотповикливи оставки се очекува кај:
– Челникот на економскиот тим кој прст не мрда ако не е поврзано со неговите бизниси и сфери на личен интерес
– Финансии заради неискуството и експериментирањето во живо на кревката економија
– Здравството заради изгубениот министер во простор и време
– Екологија и животна средина заради дембелството и дебилните мерки
– Партискиот “организатор” заради недораснатост на позицијата генерален секретар и заради стимулирањето на партискиот непотизам и корупцијата
Многу е изгледно дека дури и да останат упразнети местата, подобро ќе работат институциите. Ако овие работи не се реализираат веднаш, тогаш “Нобеловецот” ќе стане многу брзо и многу лесно – минато. Не му проаѓаат изговорите: со кого да работам? и паралелно со тоа и дека МК има квалитетни луѓе. Не одат овие две работи заедно. Да прости ама од генералниот секретар има илјадници подобри во неговата партија.
ПС Кај В/Д нема што да се менува. Тие постигнаа и повеќе од нивните скромни можности и капацитети. 280К е нивниот максимум со тоа што кандидатот за претседател им донесе екстра гласови од околу 30К. Кај нив од корен треба да се менува раководството и приодот за да може да се надеваат на победа во скоро време”, пишува Глигоров во анализата на вчерашните избори.





