Миша Глени, рекор на Институтот за хуманистички науки од Виена и еден од најавторитетните аналитичари на политиките на Блканот, ја критикува уцената од Бугарија до Македонија да ги вметне Бугарите во Уставот ако сака вистински почеток на преговорите за членство во Европската унија.



„Знаеме дека Бугарија побара од Северна Македонија да си го промени Уставот. Нема да кријам: ова е крајно неодговорно од страна на бугарската политичка класа. Но, дополнително, за жал, сведоци сме на ескалација на тензиите меѓу Косово и Србија. Ова е исклучително важно – бидејќи без решавање на овој конфликт, многу е тешко да се води кохерентна политика во однос на Западен Балкан. Но, постојат и други идеи во воздухот, на пример за различни видови на членство во ЕУ. Или прво за прифаќање на Црна Гора и Молдавија. Да ја земеме Црна Гора. Таму живеат само 600.000 луѓе и ЕУ може преку ноќ да ја ‘проголта’ без никој да забележи. Сепак, ова ќе има неверојатно силно симболично значење за целите на Западен Балкан. Албанија исто така работи многу сериозно за да ги достигне стандардите на ЕУ, истото важи и за Северна Македонија, без оглед на бугарските опструкции. Накратко: има многу основи за оптимизам, но факторите споменати погоре фрлаат сериозна сенка на изгледите на Западен Балкан за членство во ЕУ“, одговори на прашањето на „Дојче веле“ дописникот и известувач на Би-Би-Си од војните во 1990-тите во поранешна Југославија.