Претседателот на Европската Иницијатива за стабилност Гералд Кнаус кој се смета за главниот ЕУ лобист за проширување го потврдува црното сценарио за Македонија и за сите други кандидати за членство во унијата кое е креирано во 2019 година.
Во емотивно интервју со Горан Момироски за емисијата ,,Заспиј ако можеш” обично ладнокрвниот Австриец Кнаус открива дека дури и ако Македонија го прифати целосно бугарскиот протокол и францускиот предлог нема да стане членка на ЕУ.
Кнаус кој во 2019 година по француското вето за Макеоднија предупреди дека проширувањето во оваа форма е мртво, важи за човек кој има директен пристап до главните градови на ЕУ и точно ги познава состојбите и трендовите во ЕУ.
Индиректната порака до владата во Скопје на Кнаус во емисијата е дека дури и ако се прифати се што бара Бугарија, Македонија ќе биде заглавена на патот кон ЕУ во наредните десетици години.
Кнаус вели дека како аутсајдер без емоции нема да ја критикува владата на СДСМ и ДУИ ако прифатат тоа што го бара Софија но е уверен дека тоа не е решение за Македонија.
Разговорот со Кнаус на Момироски на овој линк на Алфа ТВ.






