Советникот за безбедност на премиерот Заев и шеф на Комисијата за безбедност во владеачката СДСМ Зоран Верушевски купил луксузен стан во елитна зграда во Скопје, објавува агенцијата нетпрес.мк.
Агенцијата во својата информација дава докази за три работи:
1. Зоран Верушевски додека е советник на Зоран Заев купил луксузен стан од близок човек на Заев и заменик-градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи за 165.000 евра. Колкави му се приходите на Верушевски да си дозволи ваков луксуз останува нејасно односно за истото треба да се изјаснат ОЈО, УЈП и ДКСК.
2. Самата трансакција на средствата за банката била сомнителна и алармирана Управата за финансиско разузнавање.
3. Управата за финансиско разузнавање не ја запрела постапката туку го доставила предметот до Обвинителството за гонење на организиран криминал со кое раководи Вилма Русковска.
Целата информација на следниот ЛИНК





