По поништувањето на гласањето за претседателските избори на гласачкото место 0816 во Зајас, каде само во периодот од 15 часот до 17 часот на 21 април гласале 297 лица, или на секои 24 секунди, нема информации дали е отворена и истрага за случајот на евидентно полнење кутии.



Дополнително во списокот на луѓе кои гласале биле запишани 412 лица, додека во кутијата биле изброени 416 ливчиња.

„Мнозинството членови на ДИК констатираа дека иако не може да утврдат дали станува збор за полнење на кутијата, одлучија да го отворат избирачкиот материјал за да ги отсранат coмнежите, кои, како што рече членот на ДИК, Елизабета Постоловска, се провлекувале уште од референдумот.