„Гласен текстилец“ бара да се зголемат глобите што ги плаќаат работодавачите за неисплатена плата, но и да се најдат други механизми за заштита на правата на работниците.
Се бара измени на Законот за прекршоци и Законот за работни односи бидејќи работодавачите ги злопотребуваат постојните закони.
Сега – вели Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ – Државниот трудов инспекторат констатира дека се неиплатени плати, работодавачот плаќа минимална казна, а работниците остануваат со празни џебови и парите мора да ги бараат во судска постапка. ТВ24







