Гласен молк за одржување парламентарни избори

И покрај најавите, Извршниот Одбор на СДСМ сѐ уште не ја одржа седницата на која требаше да изгради став за одржување на предвремени параламентарни избори.



„Сѐ поизвесно е дека параламентарни избори нема да се одржат: доцна е за сто дена пржинска влада, а најверојатно ќе се пропуштат и скратените рокови, оценува „Дојче веле“

„… од денес до 5-ти мај, кога се одржува вториот круг од претседателските избори, остануваат 80 дена.

За да можеше да има „сто дена техничка влада“ по принципот на пржинската, изборите требаше да бидат распишани десет дена пред истекот на јануари.

Втората опција е предвремени избори да се организираат по скратени рокови.

Според член 63 од Уставот, тие треба да се одржат во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието, а за да се одржат на 5-ти мај, последен рок за распуштање на Собранието би бил 6-ти март“, пишува „Дојче веле“.