Гласаат болните, изнемоштените, затворениците: ДИК вели проблеми нема

Гласањето на вториот круг од Локалните избори на болните и немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците и лицата во старските домови минува непречено и без проблеми, информира на прес-конференција портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.



На еден ден пред вториот круг од локланите избори односно денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно 7 645 гласачи.

На гласачките места во 14 Казнено – поправни установи своето право на глас можат да го остварат 1409 гласачи. Сите гласачки места во затворите се отворени во 7 часот и таму гласањето ќе трае до 19 часот. До пладне, како што кажа Гугучевска, таму гласањето било без проблеми.

Во домашни услови денеска гласаат и 5588 Болни и немоќни лица или лица во куќен притвор, чии пријави биле прифатени од општинските изборни комисии, како и 376 лица со Ковид-19 или во изолација.

Во установите за вонсемејно згрижување своето право на глас можат да го остварат вкупно 266 гласачи, а право на глас имаат и шест внатрешно раселени лица.