Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски, ќе отсуствува не помалку од два месеци од терените, по повредата на раката добиена во завчерашната тепачка на ски-патеките на падините на Бистра во Маврово, јавува порталот „Спорт“.
Кошаркарот на „Пелистер“, заедно со неговиот брат Младен, и уште двајца пријатели, биле нападнати од група туристи од Косово, со кои претходно имале вербален конфликт поради прескокнување на редот за ски-лифтот.
Ѓуроски бил удрен со скија, поради што морал да биде опериран во една од приватните скопски болници.
Сериозноста на повредата на подлактицата на десната рака значи дека сигурно ќе го пропушти стартот на вториот дел од сезоната, кој е закажан за десетина дена…








