Претседателот на друштвото „Илиден“-Тирана Никола Ѓурѓај ја поздравува албанската министерка за надворешни работи и европа Ољта Џачка, која јавно призна дека има обиди за „побугарчување“ на Македонци во Република Албанија и ја повикува да презема мерки на таквите обиди од Бугарија.



„Во Албанија нема Бугари, тоа е историски факт од кој нема бегање, а тоа е и нашиот став. Јасен и видлив е напорот на Софија да создаде вештачко бугарско малцинство, преку асимилација на Македонците во Преспа, Голо Брдо, Гора и Врбник“, вели Ѓурѓај за порталот „Локално“.

Бугарија се обидува на сите можни начини да изврши тивка асимилација на македонското национално малцинство во Република Албанија. Тоа се врши на многу нивоа и преку многу институции. Ј

Според Ѓурѓај, јадрото на сите антимакедонски дејствувања и замајувањето на меѓународната јавност за Бугари во Албанија е бугарската амбасада во Тирана.

„Оттаму се инструираат бугарски платеници и македонски изроди, преку кои во континуитет се реализира антимакедонска кампања во Република Албанија. Начините се многубројни и секогаш вклучуваат голема сума материјални средства или ветувања за експресно давање бугарски пасоши. Тие пасоши Македонците ги гледаат како пасош за спас од немаштијата во Република Албанија и ништо повеќе“, информира Ѓурѓај.

Сепак според него, очигледно е дека поради последните тензии на Македонија и Бугарија, поради блокадите на Софија за спречување на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, кампањата се зголемува и добива интензитет.

„Софија постојано работи Македонците во Албанија да ги прикаже како Бугари. Но Софија мора да знае дека Македонците во Република Албанија се само Македонци.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана го изразува своето жалење затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора, Република Албанија, и во Република Косово, обидувајќи се да ги претстави како Бугари. Македонското друштво „Илинден“-Тирана многупати досега се залагаше за вистината, според која Македонците во Република Албанија се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ!

Го потсетуваме бугарското раководство дека македонската нација е историски факт и дека нам не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме дека сме тоа што сме“, дециден е Никола Ѓурѓај.