Поранешниот началник на МВР, Љубомир Ѓурчевски, се сомнева дека барањето на Турција од Македонија да бидат испорачани 15 следбеници на организацијата „Фето“ на свештеникот Фетула Ѓулен, би можело да се претвори за пречка за НАТО.
„Уште во 2018 реков дека Турција ќе побара од Македонија екстрадиција на Ѓуленисти. Но, истовремено Македонија не ќе може да го исполни тоа затоа што во НАТО има структури кои не се согласуваат на такво нешто. Од друга страна е Турција која ќе го бара тоа од нас, па Македонија ќе се најде помеѓу два огна“, вели Ѓурчевски.
Тој стравува дека, како што рече, ако Турција беше меѓу првите кои ја признаа Македонија како независна држава, сега Турција може да биде закана за членството на Македонија во НАТО.
Хулуси Акар, министерот за одбрана, при неговата неодамнешна посета на Скопје во средата побара од Македонија да ги екстрадира „Ѓуленистите“, а ова имплицитно беше протолкувано како закана дека Турција можеби нема да го ратификува Протокоот за прием на земјата како 30-та членка на НАТО.




