„Како може пратениците избрани од граѓаните, кои треба да го штитат нивниот интерес, да прифаќаат ‘на врат – на нос’ да гласаат измени на дури 8 законски проекти, без да го видатосновниот договор со ‘Бехтел и Енка’?
Kако можат да поднесат таква деградација, па и јавно понижување да гласаат без грижа на совест за ‘мачка во вреќа’ или ‘на слепо’, без да имаат сознанија што всушност ‘договорила’ Владата?
Kако може да се декларираме како систем на ‘парламентарна демократија’, а притоа да нема ни ‘д’ од тоа во самиот парламент?“, реагира поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска.
За „Дојче веле“, Марковска вели дека за капитални проекти кои инфраструктурно ќе ја поврзат Македонија се зборува веќе 30 години, меѓутоа сите работи одат некако ‘на парче’ или ‘килаво’, што би рекол народот.
„Ваков проект, како што е изградбата на Коридорот 8 и 10 д, е од огромно значење за нашата држава и драго ми е што конечно ќе се почне неговата реализација, бидејќи се почнува од првиот чекор“.
Но, предложените законски измени, а во услови на доверливост за делови на договорот за изградба на коридорите, според Марковска, ќе го стават на силен тест интегритетот на пратениците, кои, пак, немаат никаков увид во договореното…






