
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, распиша вонредни парламентарни избори на 11 јуни.
Тој на прес-конференцијата посочи дека сите во Црна Гора се свесни за длабоката политичка и институционална криза, која е предизвикана пред се од неодговорноста и правниот авантуризам на актуелното парламентарно мнозинство, подготвено преку неуставно дејствување да ги оствари своите политички цели. about:blank
„Како претседател на сите граѓани, истрајно се држев до Уставот, многу внимателно водејќи сметка со вршење на своите надлежности да не придонесам за споменатата политичка и институционална криза“, рече Ѓукановиќ.





