Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ е позитивен на корона вирусот, соопштија вчера од неговиот кабинет.
Тој се чувствувал добро и има благи симптоми но „во согласност со епидемиолошките мерки, претседателот се наоѓа во самоизолација, од каде ќе ги извршува редовните претседателски обврски“.
Поради контакт со позитивно лице на коронавирус, Ѓукановиќ превентивно ги откажа средбите, вклучително и средбата со претседателот на Големото Народно собрание на Турција Мустафа Шентоп.







