Целиот процес со проектот со Бехтел и Енка и начинот на кој се крие од очите од јавноста, остава простор сите да се сомневаме во регуларноста и исправноста на истиот, изјави градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за „Анализа“ на ТВ 24.



Тој смета со злоупотребата на европското знаменце за промена на законски регулативи регулативи овозможува испумпување на огромни средства од буџетот на граѓаните.

Тој посочи дека оваа влада нема капацитет да реализира ваков проект, а парите кои се дадени однапред со нив може да се изградат стотици училишта, градински, да се реновираат болници.

„…оние пари над 200 милиони евра кои однапред треба да се исплатат, 200 милиони евра ние како градоначалници знаеме дека се 150 до 180 нови училишта во државата, најмалку 150 до 180 нови градинки или реконструкција на сите здравствени домови онаму каде што има… рече Ѓорѓиевски.

Вели дека никој не е против инвестиции во инфраструктурата, но самиот начин на кој се одвива оваа полукриминална или целосно криминална операција, за тоа еден ден ќе има целосно образложение, остава сомнеж кај секој еден граѓанин во Македонија дека таму нешто не е како што треба.

„Од друга страна тоа што претседателот Пендаровски денеска потпиша (пакетот закони), тоа е затоа што Пендаровски и Ковачевски се само една иста паричка со две страни. Ништо неочекувано за неговото денешно дејствие“, вели Ѓорѓиевски.