„Штотуку беше локализиран голем пожар којшто изби наспроти бензинската во Пинтија. Сакам да се заблагодарам на противпожарната бригада за брзата интервенција и максималните напори коишто ги вложивја во изминатиов период за да го санираат односно да го локализираат пожарот“, изјави предмалку градоначалникот на Кисела вода, Орце Ѓорѓиевски.
Тој изрази благодарност до службите за навремената реакција.
„Исто така сакам да се заблагодарам до службите на МВР за нивната брза интервенција.
Сѐ уште ќе бидеме тука бидејќи дел од далеководите се надвор од функција. Во моментов треба да ги пуштат, па да видиме да не се случи повторно да избие на некоја позиција пожар.
Инаку пожарот изби непосредно кај далекуводите, фала му на бога нема човечки жртви. Се е под контрола. И уште еднаш голема благодарност од мене и од името на граѓаните на општина Кисела Вода бидејќи совесно ја завршија работата“, изјави Ѓорѓиевски.







