„Именувањето на бугарскиот културен клуб во Битола со името ‘Ванчо Михајлов’ не претставува ништо друго освен смислена провокација, кој во исто време праќа и порака, вели за ДВ Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.
„Станува збор за историска личност која поради нејзините идеи за непостоење на македонската нација, кај Македонците има добиено крајно негативна содржина. И кога името на таква личност се наметнува како назив на културен клуб на територијата на македонската држава, а притоа таа личност нема никаква врска со културата, тогаш тоа може да се сфати единствено како арогантна провокација, па дури и како чин кој преминува на спротивната страна од т.н. пријателство“, оценува Ѓоргиев.
Според него, називот на бугарскиот културен клуб во Битола праќа и порака до Македонците, која нема никаква врска со културата.
„„Повеќе од очигледна е тенденцијата да се потсети македонската јавност дека познатите идеи на Михајалов во однос на македонската нација и јазик ќе продолжат да бидат негувани во самата Македонија. Порака која, за жал, ќе го направи уште поголем расколот меѓу Македонците и Бугарите“.







