Копретседателот на мешовитата комисија исто така рече дека одлуката за заедничко честување на Гоце Делчев, меѓу Македонија и Бугарија е политичка, и комисијата нема никаква улога во нејзиното носење.



„Јас овој политички гест го гледам како добра вољја, како политичка волја на двете држави да ја релаксираат полтичката атмосфера во двете држави, во однос на тие најчуствителни, горливи теми кои постојат’ рече Ѓорѓиев во гостување на ТВ Телма.

Вели дека јавноста треба да биде информирана, дека наспороти тоа што комисијата сѐ уште дискутира, и не може да најде решение за тоа заедничко честување на Гоце Делчев, политичарите, владите на двете држави како гест на добра вољја носат одлука заеднички да го чествуваат и го прават тоа.

„Меѓутоа не дека тоа е некаква одлука и дека во тоа е вмешана и комисијата. Тоа е чисто политичка одлука на владите на двете држави, меѓутоа морам да кажам дека комисијата овде нема никакво учество во таа одлука и комисијата продолжува да дискутира за Гоце Делчев„, рече Ѓоргиев.

Како што рече, Комисијата веќе две години работи на усогласување на еден текст, кој се однесува на Гоце Делчев, и во кој треба да бидат претставени идеите зошто двете држави би требало да го слават Гоце Делчев и зошто е важен за двете општества.