Ванчо Ѓорѓиев, поранешен член на македонскиот дел од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, го толкува негирањето на македонскиот народ и јазик од официјална Софија како показател за криза на идентитетот во Бугарија.
„Во самото постоење на Македонија и на Македонците гледаат закана. Всушност, тоа можам да го толкувам и на еден друг начин – криза на идентитетот во Бугарија. Тоа е проблем, несигурност во сопствениот идентитет. Посегањето по туѓ идентитет е несигурност и во сопствениот идентитет. Ден-денеска науката во Бугарија сè уште талка и ги менува теориите за потеклото на Бугарите – од таму се, од ваму, Словени, не знам, а сега најнова им е индоевропската теорија. Постојано ги менуваат. Тоа е сериозен проблем за анализа“, изјави Ѓорѓиев во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.






