Професорката Мирјана Најчевска со остра контрареплика кон колегата Ѓорѓи Спасов, кого го нарече манипулант.
Најчевска оценува дека неговиот став изнесен за измените на Кривичниот закон е класична земена на теза.
-Ѓорѓи Спасов е обучен манипулант. Со диплома добиена како кадар инструиран во Кумровец. Тоа се луѓе кои во Кумровец имаат добиено посебна обука за манипулации на граѓаните, продавање шарени лажги на широки народни маси и заштита на најотворени прекршувања на човековите права од страна на власта.
Ова е класична замена на теза.
Во случајов не станува збор за намалување на затворските казни на обичниот граѓанин. Тие воопшто не се намалуваат. Напротив. Пропаднаа сите обиди за вистинско проработување на системот на пробација со кој посебно ситните прекршители на законите нема да бидат казнети на начин кој ја загрозува нивната иднина.
Станува збор за градење систем во кој високите функционери во власта нема да бидат казнети за криминални дејствија со кои се повредуваат правата на обичниот граѓанин и се нанесува штета на државата и на јавното добро.
Значи се штити секој кој од позиција на власт ќе украде од заедничките пари на граѓаните, кој со користење на позицијата во власта и со користење на ресурсите на државата ќе направи криминал со кој се загрозува здравјето и живот на граѓаните.
Заради можноста власта да обезбеди неказнивост на високите функционери е создаден Меѓународниот кривичен суд. Затоа што тој што е на власт може на различни начини да го избегне казнувањето.
Значи, за да се избегне неказнивоста се инсистира на тоа функцијата која некој ја држи и од која делува да се смета за отежителна а не за олеснителна околност.
ОВИЕ ПРОМЕНИ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК СЕ ДИРЕКТНО НАСОЧЕНИ КОН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НЕКАЗНИВОСТ ЗА НАЈВИСОК КРИМИНАЛ НАПРАВЕН ОД ПОЗИЦИЈА НА НАЈГОЛЕМА МОЌ КОН ГОЛЕМ БРОЈ ЛУЃЕ – напиша Најчевска.
https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10226701631741777?ref=embed_post






