Откако министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на Фејсбук објави дека во единствениот потпишан протокол од неговиот претходник Никола Димитров, било прифатено бугарското гледиште кон Илинденското востание и прифатена номенклатурата Илинденско-Преображенско востание, реагираше Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.
За Илинденското востание досега не се разговарало во Комисијата – вели за Дојче веле,
Споре Османи,р изразот „Илинденско-преображенско востание“ кој се користи од страна на бугарската историографија, ги спојува под еден термин Илинденското востание од втори август 1903 година и Преображенското востание неколку седмици подоцна истата година (започнато на празникот Преображение), користејќи го како име за востанието на македонските и тракиските Бугари.
Но Шефот на македонскиот тимвоМешовитата историска комисја вел дека Илинденското востание било спомнато еднаш или двапати од колегите од Бугарија, како една од можните теми за разговор во иднина, во рамките на Комисијата.
„ Но тој предлог не беше прифатен од наша страна и Илинденското востание никогаш не било тема на разговор во Комисијата. Не знам што разговарале политичарите, но ние никогаш таа тема не ја ставивме на маса, ниту, пак, дошла некаква сугестија од страна на политичарите да се разговара за Илинденското востание“ – дециден е Ѓоргиев.
„…ко работата на Комисијата биде дел од политички преговори, тогаш нејзината работа ќе биде невозможна! Неколку пати досега реков дека работата на Комисијата мора да биде надвор од политичките преговори. Нејзината работа не смее да биде еден од условите, а уште помалку најглавен услов за напредокот на тие преговори – потенцира Ѓоргиев.







