Не затоа што тоа го бара Бугарија, туку затоа што навистина има потреба од подобрување на учебниците по историја, вели првиот човек на македонскиот тим во македонско-бугартската Комисија за историјата Драги Ѓоргиев, во интервју за Дојче веле.



Тој очекува работата на Комисијата да резултира со нови учебници и вели дека и во македонските и во бугарските историски учебници има простор за подобрување.

Запрашан дали се врши компромитација врз членови на Комисијата, како што тврдат од опозицијата, со цел да бидат заменети со други, кои ќе можат да преговарат во полза на барања на премиерот Зоран Заев, Ѓоргиев со одговор:

„Во овој момент немам такви информации, ниту до мене дошле такви сигнали. Но, Комисијата е владино тело и не можам да претпоставам како во иднина ќе се одвиваат работите, но во моментов такво нешто не се случува“