„Според мене, Македонија апсолутно не треба да дискутира и да го стави на маса јазикот. Тоа е апсолвирано прашање, реалноста и постоењето на македонскиот јазик, и тука Македонија воопшто не треба да ја отвора таа тема ниту да го држи отворено тоа прашање“ вели Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања за Канал 5.
Според Ѓоргиев, „колку и да се блиски овие два јазици, колку и да не ни требаат преведувачи кога разговараме со бугарска страна, станува збор за два јазици и од тој аспект не смее да се дозволи апсолутно никаква дискусија за македонскиот јазик, тоа е завршена работа.“
Доколку пак услов за почнување преговори со Европската унија е откажување од македонскиот јазик, тогаш такви преговори не треба ни да почнат, вели Ѓоргиев.




