Гоце Делчев не е единственото прашање кое и пречи на Бугарија. Има и друга низа прашања во однос на македонската историја, изјави вечерва во „Што не е јасно“ на Алфа ТВ, Ванчо Ѓоргиев – член на мешовитата комисија со Бугарија.
„Гоце Делчев не е единственото прашање, туку станува збор за една комплетна стратегија од страна на Бугарија во контекст на историското минато. Не само за историското минато туку тоа повлекува и сериозни политички импликации“, истакна Ѓоргиев.
Ѓоргиев вели дека во македонската историја Бугарија гледа закана.
„Соседите односно Бугарија се обиде проблемот со Гоце Делчев да го претстават како европски спор, но не им помина во ЕУ“, рече Ѓоргиев.





