Ѓорги Јанчевски ќе продолжи да биде член на УО на Триглав Осигурување

Ѓорги Јанчевски, доби уште еден мандат како независен и неизвршен член на Одборот на директори на Триглав осигурување. Функцијата ќе продолжи да ја врши од први март годинава, откако претходно истиот ден таква одлука ќе донесе Собранието на акционери на осигурителната компанија.



„За независен неизвршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје се реизбира г-дин Ѓорѓи Јанчевски, по професија дипломиран економист. Мандатот на новоизбраниот независен неизвршен член на Одборот на директори трае четири години, почнувајќи од први март 2024 година. Другите членови на Одборот на директори продолжуваат со својата работа во Одборот на директори со постојниот мандат“, се вели во одлуката која на првиот ден од март треба да биде донесена на Собранието на акционери на Триглав осигурување.

На оваа функција Јанчевски дојде во јануари 2020 година, на местото на претходниот член Љубе Раевски, кој почина.
Јанчевски во минатото долги години беше директор и претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка, а своевремено на Тутунска банка.