Доделувањето најширока можна автономија и полна самостојност на МПЦ, како што гласи денешната одлука на Саборот, не значи автокефалност. Ова што Македонската православна црква го доби денеска во Ниш, го имаше во 1959 година, вели за „Фокус“ одличниот познавач на црковните прилики во земјава, новинарот Бранко Ѓоргевски.
-Ние во 1959 година добивме широка автономија, што значи еден вид самостојност но постоеше одреба во таа одлука каде се вели дека уставот на СПЦ не важи на епархиите и епископите во тогашна Народна Република Македонија. Но потоа ние прогласивме автокефалност и не разбирам зошто би се враќале чекор назад, односно пред шеесетина години, вели тој.
Тој појаснува дека ако ја прифатиме оваа положба ние ќе ја изгубиме афтокефалноста прогласена во 1967 година, а за да станеме целосно независни ќе треба да гласаат сите 14 православни епархии.
-Тоа значи дека може да добиеме вето од Бугарската црква, ќе бара да не го користиме името Охридска Архиепископија, Грција ќе бара да не го користиме името Македонска православна црква, а тоа ќе не врати назат од патот кој МПЦ ОА го изоде изминатите 40-тина години, вели Ѓоргиевски.
Сега како што вели тој останува да се види што ќе биде следниот чекор. Дали по информациите во српските медиуми дека МПЦОА барала ваков статус или пак СПЦ ќе ги демантира тврдењата.
-Ако МПЦ преговарала за ваков статус од СПЦ треба да излезе и да каже што точно стои во договорот, поточно кои се следните чекори кои би се презеле, дали ќе продолжат преговорите. Дали МПЦ ќе бара решавање на спорот од Вселенската Патријаршија, додава Ѓоргиевски.





