„Цел јануари немаше ниту една седница одржана во Собранието, тоа значи дека немаа мнозинство. Сум бил дел од мнозинство и кога сме биле 65-66-67 пратеници што било тесно мнозинство, а сега тие велат 64 се супер. Сум бил дел од мнозинство кое имало и 81-82 пратеника, значи ВМРО-ДПМНЕ со 62 пратеника со други коалициони партнери, и тоа тешко функционирало и тогаш сме држеле седници секој ден“, вели поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во гостување на „Ради лидер“



Пратеникот вели дека некој ништо не работи во Владата, ниту пак се труди за нешто.

„Сега нити некој нешто работи во Владата, ниту некој нешто посебно се труди, ниту има некоја приказна, ниту има некоја агенда“ вели Ѓорчев.

Сопоред него, „Владата е една крпеница, е една лепена, но скршена ваза која не може да функционира. Еве хипотетички да кажеме дека ќе траат уште една година, иако мислам дека е тоа под прашалник, но еве и да биде тој мандат уште година дена, тие немаат нарација, немаат прикаска, немаат наратив, немаат некоја конкретна агенда со која овие луѓе, овој народ и ова општество ќе живеат“, рече Ѓорчев.