Ѓорчев: Софија нема да попушти во спорот!

Колку и да ни се чини дека Софија е под меѓународен притисок во врска со спорот со Македонија, јас тврдам дека нема шанси власта во Бугарија да попушти во спорот, вели поранешниот македонски амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев за Плусинфо.



Ѓорчев открива голема опасност по нашата земја, во разговорот што францускиот претседател Емануел Макрон го водел со својот бугарски колега.

Радев споменува патоказ за краткорочни и долгорочни мерки за цели, чија имплементација ќе го унапреди процесот на европска интеграција на Македонија.

Радев говори и за правно обврзувачки гаранции, кои ќе бидат вклучени во преговарачката рамка за Република Македонија и да се обезбеди спроведување на обврските преземени од Скопје.

Токму преговарачката рамка, која се очекува да биде вметната во преговарачкиот процес со ЕУ, според Ѓорчев ќе претставува катастрофа.

„Доколку во преговарачката рамка биде вметнато дека Македонија ќе треба во преговарачкиот процес да се договори со Бугарија, тогаш постои опасност да не отвориме ниту едно поглавје“ вели амбасадорот.