Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, во напис за Лидер потсетува како политикиот инжењеринг на комунистичкиот лидер Тодор Живков доведе до „исчезнување на македонското малцинство во Бугарија кое и за сегашната „демократска власт“ во Софија е „непостоечко“.



Признавањето на македонското национално малцинство во периодот 1946-1963г.,се толкува во бугарската политика и историја,како историска грешка на Георги Димитров, легендарниот антифашистички лидер на БРП(к). На пописот во 1946г. како Македонци во Н.Р.Бугарија се изјасниле 160.541 лица,или 70% од населението во пиринскиот крај.

На пописот во 1956г., седум години по смрта на Г.Димитров, како Македонци се изјаснуваат 178.862 лица,или 63,6% од населението во принскиот крај.

На пописот во 1965г.,како македонци се изјаснуваат “само” 8.750 лица,а за начинот на којшто е извршен пописот, сведочи книгата на Чавдар Маринов-“Македонското прашање од 1944г. до денес” ,во којашто се одбележува извршениот политички “маневар”(читај-политички инжењеринг) на Тодор Живков, за да се избрише македонското малцинство во Н.Р.Бугарија.

Македонската политика не посвети внимание пред потпишување несиметричниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка (во понатамошен текст ДПДС) да ја проучи бугарската гео-политика кон Р.Македонија и кон македонското малцинско прашање, пишува македонскиот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев во авторски текст за Лидер

„Имено, Р.Бугарија не признава постоење на македонско малцинство со образложение дека не постојат етнички,јазични,историски и културни причини за такво нешто?!

Двоецот Заев-Димитров, за само два месеци од работењето на новата влада во 2017г. со желба за брз успех, го подготви и го потпиша ДПДС. Тој Договор денес и во иднина, ќе произведуваштетни последици по македонските национални интереси.

Со потпишувањето на ДПДС,македонската држава дозволува бугарската држава да се грижи за бугарското малцинство во Р.Македонија,а се откажа од македонското малцинство во Р.Бугарија?! На тој начин, ние Македонците, ја верифициравме анти-македонската и национал-шовинистичка политика на тоталитарниот режим на Тодор Живков.

Народна Република Бугарија по 1963г. ја презема “штафетната палка” од буржоаско-монархистичкиот режим, во негацијата за постоење на македонската нацијакако “измислена коминтерновска творба”.

Во совремието, бугарската политика продолжи во контиунитет и со засилен интензитет,да го негира постоењето на македонската нација и јазик во македонската држава,а респективно со тоа,го негира и постоењето на македонско малцинство во бугарската држава“, пишува Ѓорчев.