Пратеникот Владимир Ѓорчев вели дека со апликацијата што вчера ја обелодени тимот на Сиљановска може да се следи кој каде се движи, каде бил, што лајкувал, што напишал и како напишал.
Ѓорчев вели дека се чека реакција од институциите, но нагласи дека немаат доверба во нив. Рече дека ИТ-тимот што го имаат работи на темата и информациите се загрижувачки.
Тоа е буквално една афера што можеме да ја наречеме ‘Големото око’.
„Навика стана на СДСМ до таа мера да се чувствува недопирлив, да прави што сака и едноставно да ја нарушува приватноста“на граќаните, вели Ѓорчев според кој „колку СДСМ и да ги следи, колку и да гледа што прават, нивно е правото како ќе гласаат зад параванот“.





