„Се’ додека ние во Македонија не разбереме дека попуштањето од наша страна води само кон се поголем притисок од бугарска страна, нема да има подобрување во двонасочниот бугарско-македонски дијалог.



Без рамниправност и симетрија, нема да има взаемна почит и меѓусебна доверба помеѓу бугарската и македонската држава“, изјави поранешниот македонски амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев, за Фокус

Тој вели дека има неколку сценарија околу тоа во кој правец ќе се одвиваат нештата по вчерашните избори „меѓу кои и техничка влада и нови избори“.

Прво, победничката ГЕРБ со помош на партијата на турското малцинствол ДПС и Демократска Бугарија да состават влада, што е прилично тешко, со оглед на тесното мнозинство од 124 пратеника што би го имале во парламентот кој има 240 пратенички места.

Доколку не успеат, тогаш е возможно „коалиција на се уште политички непрофилираната партија „Продолжуваме со промените” (второпласирана на изборите) со левицата, составена од партиите „БСП”,„Бугарски подем”, прилагодливата партија од центарот „Демократска Бугарија”, вели Ѓорчев за ” Фокус”.

Доколку нема влада, тогаш ќе има техничка влада и пак ќе се оди на избори.

„И да се остварат сценаријата ,ништо нема да се промени во политиката на бугарските институции-како што се Собранието и Владата, ниту пак ќе се смени граѓанската перцепција кон Македонија“, вели Ѓорчев за “Фокус”.