Навиката да бидеме слепи и глуви за се што се случува кога се во прашање индивидуалните права и граѓански слободи на Албанците во Р.Македонија се претвори во наша неуспешна државна доктрина и лоша политичка пракса, вели поранешѓниот амбасадор и претеник Марјан Ѓорчев во колумна за Макекспрес, во врска со наводно приватната посета на косовскиот премиер Албин Куртти на Македонија за време на која не беше уистакнатао македонско знаме, ја немаше македонската химна, немаше преводна говорите…



Отука, сосема логична е храброста на актуелните градоначалници на Чаир и Тетово да го поканат на гости премиерот на Косово г-динот Курти без да го почитуваат Македонскиот државен протокол кој што прецизно наведува како се пречекува премиер на друга држава кога е во посета на Р.Македонија.

Нека е и приватна посетата.

Ама не е приватен просторот во центарот на Чаир и Тетово. Тој простор е дел од територијалниот интегритет и државниот суверенитет на Македонската држава. Не е приватно полициското обезбедување за време на посетата на премиерот на Косово.

Чаир и Тетово се Македонски општини. На плоштадите на тие две општини мора да се вее Македонското државно знаме, заедно со знамето на Албанската етничка заедница!!

Да не говориме за тоа дека истакнувањето на знаме со границите на Голема Албанија и пречек на косовскиот премиер со песна „Добродојдовте во Албанија” веќе не е прашање на пристојност туку и на одговорност пред Македонскиот Устав и законите во државата!!

Пред почетокот на секоја манифестација спонзорирана со државни пари задолжителна е употребата на државната химна. Така треба ако сте држава во вистинска смисла на зборот и ако ве водат државници коишто си ја сакаат државата и го почитуваат Македонскиот народ. Се разбира дека треба да се почитуваат и правата на националните малцинства!! Ама и правата на националните малцинства се дел од државниот суверенитет на Р.Македонија!!

Албанското малцинство или „делот од Албанскиот народ што живее во Македонската држава” претставува 24,6% (попис во 2021 година – домицилно население) од Македонското граѓанство. Што се случува со правата на другите 75,4 % Македонски граѓани коишто не се Албанци?!

Секое право е стекната награда. Секоја награда е обврска да возвратите со почитување на правото на другите!!

Не треба никогаш да се заборави дека конститутивен народ на Македонската држава е Македонскиот народ. Исто како што е Албанскиот народ во Албанија, Српскиот во Србија или Турскиот во Турција!! – вели , меѓу другото, амбасадорот Ѓорчев.