По изборот на Гордана Силјановска за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев иако беше поразен во партиска трка ја подржа нејзината кандидатура.
Ѓорчев се заблагодари за поддршката која му ја дале 80 делегати и и честиташе на Силјановска.
„Изборот беше демократски и фер. Изборната кампања ќе ја води изборен штаб на Силјановска, но тие може да сметаат на мојата помош“, рече Ѓорчев.
Пратеникот порача дека останува зад лидерот Мицкоски и ќе продолжи со досегашното темпо.
„Сплотено, заедно да ги победиме СДСМ“, повика Ѓорчев кој на прашањето дали ќе се кандидира пак во иднина одговори дека рано е да се зборува за такво нешто од оваа перспектива.





