Блокада на кружниот тек на булеварот Партизански одредби во близина на црквата Свети Петар и Павле организираа денеска граѓани на Ѓорче Петров кои се спротивставуваат на донесувањето на ДУП кој предвидува во овој дел од градот на никнат 17 десеткатници.
Во новите нови згради со висина до 33 метри, според планот ќе живеат 1.359 нови жители.
Ѓорчепетровци стравуваат дека со овој план се отвора можноста и за градење на спорната зграда – облакодер во паркот „Ѓорче Петров“.
Од општината пак, појаснуваат дека главна задача на планот е надминување на проблемите во спроведувањето на постојниот план од 2014 година и зголемување на хуманоста на живеењето во просторот, а не „предвидување на нови згради“ и „нови жители“.






