„Ѓорче Петров ќе се претвори во урбана џунгла, не сакаме облакодери, сакаме воздух ова што го прават не е нормално“, реагираат граѓани на Ѓорче Петров откако Општината донесе одлука за промена на урбанистички план каде во населбата Дексион со кој ќе се овозможи изградба на стамбени објекти од 17 ката високи по 58 метри во кои би можело да живеат дури и над 2.800 жители.



Дел од граѓаните информираа дека е формирана Иницијатива на граѓани во населбата Дексион кој бараат ревидирање на овој ДУП бидејќи не бил законски односно немало јавно изложување и јавна анкета за проектот но и дека ќе им се отежнел животот.

Тие прашуваат:;

Дали е нормално на толку мал простор како Јурија да се изградат по предвидувањата 774 СТАНОВИ, а знаејќи го наравот на нашите градежници и многу повеќе !?
НОВИ СКОРО 3000 ЖИТЕЛИ !
90544 м2 БРУТО РАЗВИЕНА ГРАДЕЖНА ПОВРШИНА !
Со катност П+1+17 и ВИСИНА ОД 58 МЕТРИ !
БЕТОНСКИ ЅИД ОД 17 КАТА И 58 МЕТРИ ВИСИНА !
Ова значително ќе ја промени демографската слика во тој дел од населбата !, пишува во објавата на „Фејсбук“ на Иницијативата на граѓани од Дексион.

https://www.facebook.com/gjorcePatriotsko/posts/4232174830188283