Со огласи Новак Ѓоковиќ кој вчера беше дисквалификуван од турнирот УС Опен затоа што го погоди линискиот судија со топка за време на првиот сет против Пабло Карењо Буста.



„Целата оваа ситуација ме прави навистина тажен и празен. Проверив како се чувствува линијската судијка и според информациите што ги добив, таа се чувствува добро, фала му на Бога. Не можам да го откријам нејзиното име за да ја зачувам нејзината приватност. Жал ми е што ѝ нанесов таков стрес. Не беше намерно. Беше погрешно.

Ова непријатно искуство, дисквалификација од турнирот, сакам да го претворам во важна животна лекција, за да можам да продолжам да се развивам и како личност и како тенисер.

Им се извинувам на организаторите на УС Опен. Јас сум многу благодарен на мојот тим и семејството што ми дадоа силна поддршка, како и на моите навивачи затоа што тие секогаш се покрај мене. Ви благодарам и жал ми е. Ова беше тежок ден за сите“, напишал Ѓоковиќ на Фејсбук.

По инцидентот и по кратко размислување, Главниот судија и Супервизорот одлучија да го дисквалификуваат првиот носител од турнирот.

Инаку, на Ѓоковиќ му беа одземени сите поени што ги заработи на годинашниов турнир и целиот награден фонд.