Тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ доби ослободување од вакцина за да влезе во Австралија по инфекцијата со Ковид на 16 декември, велат неговите адвокати во документите приложени до австралискиот суд.



Во судските документи објавени денеска, адвокатите на Ѓоковиќ тврдат дека играчот добил привремена виза за влез во земјата и добил „медицинско ослободување од вакцинација против Ковид“ од Tennis Australia поради неговата неодамнешна инфекција, објави Би-би-си.

Според документите, во потврдата за ослободување е забележано дека 14 дена откако бил позитивен на тестот во декември, играчот „немал треска или респираторни симптоми на Ковид-19 во последните 72 часа“.

Ослободувањето од вакцина на Ѓоковиќ беше дадено од две независни медицински панели организирани од Тенис Австралија, телото што го води настанот, и државата Викторија.

Не е јасно колку долго Ѓоковиќ ќе остане во хотелот за имиграциски притвор кој често беше критикуван од бегалците поради лошите услови.

Србија побара од Австралија да го пресели во друг хотел.

Ѓоковиќ ќе биде сослушан пред сојузниот суд во понеделник..