Новак Ѓоковиќ се огласи по целото фијаско кое го доживеа во Австралија каде и покрај тоа што доби медицинска дозвола за настап на првиот АТП турнир во годината, не доби дозвола за влез во државата. Србинот заврши во хотелот „Ројал Парк“ каде условите се далеку од идеални и таму ќе мора да го помине Божиќ далеку од своето семејство.
Порака на Новак ја проследи неговиот помлад брат, Ѓорѓе Ѓоковиќ на пресконференција, а истата е кратка и јасна.
„Бог гледа се. Мојата благодат е духовна, а нивната материјално богатство“





