Новак Ѓоковиќ го „доби“ случајот против Владата на Австралија, откако федералниот судија Ентони Кели, нареди негово итно ослободување и враќање на личните предмети и пасошите по судењето кое траеше до рано утрово по средноевропско време.
Адвокатите на тенисерот кои речиси два и пол часа го објаснуваа ставот на Ѓоковиќ. Имаше кратка пауза, а потоа претставникот на Владата на Австралија зборуваше пред Кели само 30 минути.
Судијата Кели објасни дека Ѓоковиќ има комплетна документација за медицинското ослободување и дека ги почитувал сите правила што му биле поставени и дека Владата не му дала доволно време да го извести за поништување на визата.
Наредено е Владата на Австралија да ги плати сите трошоци, а пасошот и личните работи на Новак да му бидат вратени.
Ова би требало да значи дека тенисерот може да учествува на Австралија Опен каде Ѓоковиќ досега освои девет титули.
Организаторите на Отвореното првенство на Австралија му дозволија на Ѓоковиќ да учествува иако не е вакциниран против ковид-19, што е главен услов за влез во земјата.
Тој доби дозвола за медицинско изземање од вакцинирањето врз основа на тоа што имал позитивен тест за коронавирус на 16 декември.
Австралиските власти во ноември ја известиле Тениската федерација дека скорешна зараза со коронавирусот не е нужна основа за изземање.
Но, јавниот обвинител Кристофер Тран вели дека сè уште не е готово.тој се закан дека министерот за имиграција Алекс Хок го има последниот збор. Според него, тој се уште има право да го депортира Ѓоковиќ.
Исто така, Тенисерот може да добие забрана за влез во Австралија во следните три години.






