Претседателката на Србија Ана Брнабиќ, за ТВ Пинк изјави дека српската страна прави се’ за да му олесни на тоа што му се случува на Ѓоковиќ.
„До конечната одлука ќе остане во хотел Парк. Успеавме да му доставиме храна без глутен, да добиеме опрема за вежбање, му дадоа лаптоп, сим картичка, за да биде во контакт со семејството“, рече таа.
Таа додаде дека се надева дека барем малку ќе му биде полесно да остане таму.
„Има позитивен тон од австралиската страна. Српската влада е подготвена да ги обезбеди сите гаранции Новак да биде ослободен во Австралија, а вклучен е и претседателот“, рече таа.






