Ѓоковиќ честиташе нова година на кинески јазик

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по се изгледа одлично зборува кинески. Се чини дека неговата колешка Олга Даниловиќ не знаела, бидејќи таа едноставно била во шок по натпреварот од Купот на Јунајтед кога Ноле зборуваше кинески – нејзината запрепастена реакција кажа сé!, пишуват српските медиуми.



– Среќна Нова Година! Како сте, ви благодариме за поддршката! Ве сакам сите во Кина, мои добри пријатели! – набрзина рече Новак и потоа ѝ се насмевна на Олга Даниловиќ која зачудено го гледаше.

Се  насмевна и тренерот на тимот – Виктор Троицки.

Ѓоковиќ во 2022 година откри дека зборува четири или пет јазици. По освојувањето на Ролан Гарос таа година, тој на француски рече:

– Колку јазици зборувам? Четири, можеби пет! Благодарен сум на тенисот што ми даде можност да патувам низ светот и да ги научам сите тие јазици.