Дали Македонија ќе оди напред во евроинтегративниот процес зависи исклучиво од самата земја и политичките чинители преку носењето на уставните измени и спроведувањето на неопходните реформи, изјави денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Ставот на Гир, кој евроамбасадорот досега неколкупати го има споделено, денеска го повтори откако беше прашан дали е можно да дојде до одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ во декември доколку не се донесат уставните измени. Прашањето беше и во контекст на билатералната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Албанија и околу неговата позиција во однос на проширувањето.
Според евроамбасадорот, Македонија има многу силна поддршка за својата европска иднина, како од институциите на Унијата така и од земјите членки.
Тој изрази надеж дека уставните измени ќе бидат донесени и дека земјава ќе се придвижи напред во евроинтеграциите.





